среда, 2. декември 2020. Вести денес: 50
home Вести

Вашингтон: Ѓорчев на средби во Стејт департментот, ИРИ, НДИ и УСАИД

Вашингтон: Ѓорчев на средби во Стејт департментот, ИРИ, НДИ и УСАИД

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за време на посетата на Вашингтон се сретна со глобалниот директор на НДИ Дерек Мичел. На средбата Ѓорчев се заблагодари за досегашната соработка со НДИ и нивната работа со политичките партии во Македонија.

Во седиштето на ИРИ Ѓорчев се сретна со директорот за Европа Пол Мекарти и директорот за транс-атлантска стратегија Јан Суротчак. Соговорниците ја констатираа досегашната соработка на ИРИ и ВМРО-ДПМНЕ, со акцент на идните активности и соработка. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде долгорочен партнер на ИРИ, како структира блиска до Републиканската партија, која е наша сестринска партија.

Во седиштето на УСАИД Ѓорчев се сретна со Гречен Биркл, заменик од бирото за Европа и Евроазија. На средбата стана збор долгогодишната помош на УСАИД за Македонија, како дел од односот на САД кон Македонија, Балканот и Европа.

Помошта и програмите на УСАИД имаат корисни и добри ефекти, особено во делот на економскиот развој кој што е клучен за граѓаните на Македонија. Пратеникот Ѓорчев во Стејт Департментот се сретна со Џил Дитрих и Џошуа Луис од канцеларијата за Македонија во Стејт департментот. На средбата Ѓорчев ги запозна соговорниците со актуелната ситуација во Македонија поврзана со политичкиот прогон, проблемите со слободата на медиумите, контролата на власта врз судството и економските проблеми.

На сите средби Ѓорчев го подвлече пријателството и сојузништвото на Македонија и САД, со желби за понатамошна соработка и засилени контакти.

Коронавирус