недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 80
home Вести

Вархели утре во Скопје на средби со Пендаровски, Спасовски, Џафери, Мицкоски и Заев

Вархели утре во Скопје на средби со Пендаровски, Спасовски, Џафери, Мицкоски и Заев

Еврокомесарот за соседска политика и за проширување Оливер Вархели утре ќе допатува во прва официјална посета на Северна Македонија.

Како што соопшти Делегацијата на Европската комисија во Скопје, Вархели ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.