четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 219
Во живо

Мицкоски на средби со граѓаните во Тетово

home Вести

Вархеји бара гаранции дека изборите ќе бидат фер и слободни: Треба да има доволно време за кампања

Вархеји бара гаранции дека изборите ќе бидат фер и слободни: Треба да има доволно време за кампања

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на прес-конференција денеска порача дека ќе контактира со македонските власти за гаранции дека има доволно време за изборна кампања и дека изборите ќе бидат фер, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Ја видов најавата на Владата дека има намера да одржи избори на почетокот на јули, треба да ги погледнам деталите, она што засега можам да го кажам е дека изборите треба да бидат фер и слободни и да има доволно време за кампања, можност за партиите да водат кампања. Треба да видиме и како ова може да се имплементира под Ковид правилата, ќе го отворам ова прашање со македонските власти затоа што е многу важно да се обезбеди дека изборите ќе бидат целосно фер, рече Вархеји.

Еврокомесарот најави дека преговарачката рамка за Македонија и Албанија ќе биде објавена „во наредните денови” и дека целта на Европската Комисија е прашањето да се стави на масата на министрите за европски и надворешни работи на ЕУ идната недела.

Извештаите за напредокот на земјите од регионот се одложени за есен.

Парламентарни избори 2020