сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

Ванковска: Заев и Димитров се платени да ги штитат нашите интереси, не грчките

Ванковска: Заев и Димитров се платени да ги штитат нашите интереси, не грчките

Професорката Билјана Ванковска на својот  фејсбук профил пишува за  неодговорноста на власта кон државните интереси.  Ванковска пишува дека од преговорите за името се чини како Заев и Димитров повеќе да ги застапуваат грчките интереси, отколку интересите на македонскиот народ. Достоинството на македонците се гази цели 25 години во континуитет со некаков измислен спор од само една страна, од Грција, а притоа не почитува никакви права над македонскиот народ, вели Ванковска.

– И Заев, а сега и Димитров зборуваат за заемно прифатливо решение со кое ќе се заштитело достоинството на ДВАТА народа!!! Дали знаат дека се платени да ги штитат НАШИТЕ интереси, а дека со ваков капитулантски став на Македонија и’ наметнуваат вина за спор кој таа не го создала??? – Пишува Ванковска.

Ванковска вели дека Заев и Димитров повеќе водат грижа за грците и нивните интереси, отколку за македонските интереси, кои како што пишува Ванковска се предмет на газење 25 години.

Нашето достоинство се гази 25 години, а тие тоа го изедначуваат со некакво нарушено достоинство на Грција, која не почитува ни малцински права ни ништо! Дали Димитров мисли дека сме криви што сме живо? МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕ СМЕЕ ДА ЗАГИНЕ, а овие нека се кандидираат за политичари во Грција. И пнака имаат имоти таму, напиша Ванковска.

Коронавирус