Професорката Билјана Ванковска на социјалните мрежи се огласи го изгласувањето на Законот за јазици во Собранието.
-Зборував пред малку со Гордана Силјановска. Ми кажува (исто како и Елка) дека ја барале од неколку телевизии да го коментира донесувањето на Законот за јазиците и дека одбила со резигнација. По свадба – тупани! Оние медиуми кои дебатираа за се’ и сешто, ама не и за најважните прашања, сега решиле да отвараат post festum дебата! Собранието не не’ удостои ниту со јавна расправа, ниту повика експерти во собраниските комисии. И сега ќе си играме демократија и јавност!!! Инаку, не е за занемарување, ама и двете речиси истовремено заклучивме дека не’ прислушкуваат – она исто ехо и звуци, како и порано кога сме се смееле и испраќале поздрави до слушателите со верба дека ќе научат нешто од две професорки, пишува Ванковска на Фејсбук.