четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 102
home Вести

Ванковска: Државата ја направија билингвална- на здравје!

Ванковска потенцираше дека новата власт на СДСМ го искористи периодот на славење на еден од најголемте Христијански празници за да го откаже својот народ од сопствениот јазик и идентитет.
Ванковска: Државата ја направија билингвална- на здравје!

Анлитичарка и професорка, Билјана Ванковска преку фејсбук статус го искажа своето разочарување од спроведување на антиржавните политики на владата на СДСМ.

Ванковска потенцираше дека новата власт на СДСМ го искористи периодот на славење на еден од најголемте Христијански празници за да го откаже својот народ од сопствениот јазик и идентитет.

-Завршивте со јадење, пиење, парички и честитки? Епа, back to reality! Државата ја направија билингвална – наздравје! Утре ќе се откажеме и од името на јазикот кој го зборуваме, ратификувајќи го Договорот со Бугарија!, напиша Ванковска.

Исто така Ванковска предупреди дека Законот за јазиците ке го сменат и со Утав. Таа нагласи дека се додека народот се занимава со други работи и не пружа никаков отпор на предаствата кои се вршат во државата, власта набргу ке уништи се што е македонско и за што генерациите сонувале и граделе.

-Она што вчера го сменија со закон, скоро ќе го сменат со устав. Од историјата се откажуваме на рати, со секоја формирана меѓудржавна комисија, а по барање на секоја од соседните држави. Името го чуваат за финалето! Можеби додека славите воскресение Христово, како Јуди ќе го продадеме и името. Освен ламентирање, никаков знак на отпор нема. Почнувам да верувам дека македонскиот народ никогаш и не постоел, дека сме навистина аморфна маса. Краток историски миг блеснавме, за најлошите меѓу нас набргу да уништат се’ за што генерации сонувале и граделе!,пишуваше во статусот на Ванковска.

 

Најнови вести

Коронавирус