понеделник, 17. јуни 2019. Вести денес: 80
home Вести

Ванковска до ракометарите: Заев гарант ќе сака да се огребе од вашата популарност, па за да се покаже патриот можно е да се појави на некој од вашите натпревари

Ванковска до ракометарите: Заев гарант ќе сака да се огребе од вашата популарност, па за да се покаже патриот можно е да се појави на некој од вашите натпревари

Професорката Билјана Ванковска со порака до ракометните репрезентативци откако владата потврди дека премиерот Заев тргнал кон Германија каде се игра светското првенство.

Пораката на професорката:

Драги наши „ментално нестабилни“ и сакани ракометари! Слушнавме дека откако ви поделија лекции од владино ниво (да не се бавите со Република Македонија, зошто тоа била политика, а политиката била нивна, а не ваша/наша работа), сега ви се заканува уште една опасност.

ЗЗ ги спакувал куферите и заминал во Германија на одмор. Гарант ќе сака да се огребе од вашата популарност, па за да се покаже патриот можно е да се појави на трибините на некој од вашите натпревари.

Вие, „мртви-ладни“ кон него, а за сите нас, ментално нестабилни, срцето ќе си го оставите на терен. Љубовта што ви ја даваме тие нема НИКОГАШ да ја добијат, затоа што не ја заслужуваат.

И нека ве води една мисла: не е толку битен пласманот што ќе го освоите. Битно е што од кожа ги вадите овие ментално стабилниве кои државата ја распарталија – колку повеќе победувате, колку повеќе ве сакаме, толку ним им доаѓа да си пукнат од мака.

За жал, имаме политичка елита која не си ја сака земјата, се срами од народот, ги кодоши и навредува оние кои имаат животни постигнувања (за разлика од нив).

Се обидуваат да не’ дисциплинираат сите, ама никогаш нема да успеат.

МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА!