понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 151
home Вести

Вангеловски поднел две жалби на одлуката на Судскиот совет за неговото разрешување

Вангеловски поднел две жалби на одлуката на Судскиот совет за неговото разрешување

Поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски кој беше суспендиран и разрешен од Судскиот совет, пред истекот на законскиот рок поднел две жалби – потврдиле за порталот НОВА извори од Советот.

Тој барал да се преиспита и одлуката за суспендирање. Со оваа одлука, Вангеловски беше времено оддалечен од вршење на судиската функција и од функцијата претседател на суд, со што практично му беше забрането и да влезе во зградата на Судот.

За жалбата која ја поднел во однос на одлуката за разрешување, таа ќе биде доставена до Врховниот суд кој треба да формира комисија составена од тројца судии од Врховен, по еден од четирите апелациски подрачја и двајца судии од матичниот суд на разрешениот судија.

Доколку се прифати жалбата на Вангеловски, случајот повторно ќе се врати во Судскиот совет, кој одново ќе одлучува за негово разрешување.

Коронавирус