четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 55
home Вести

Вангеловски: Денеска ќе биде објавена одлуката за притворите на пратениците и други осомничени за настаните во Собрание

Вангеловски: Денеска ќе биде објавена одлуката за притворите на пратениците и други осомничени за настаните во Собрание

Претседателот на Врховниот суд на РМ Јово Вангеловски денеска за МИА изјави дека очекува во текот на денов да биде објавена одлуката по жалбите за притворите на пратениците и другите осомничени за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

– Врховниот суд ќе ја објави одлуката веднаш штом ќе биде донесена, потврди Вангеловски.

Претседателот на Врховниот суд претпладнево учествува на настан во Академијата за судии и јавни обвинители на тема „Независно судство, јакнење на капацитетите за отпор кон влијанието“.

Коронавирус