вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 43
home Вести

Ваква негрижа за војската и правна неписменост е невидена во досегашната одбранбена историја

Ваква негрижа за војската и правна неписменост е невидена во досегашната одбранбена историја

По повод законот за служба во армијата и сите небулози во однос на истиот, партијата каде актуелната министерка за одбрана е заменик претседател не знае дека е усвоен овој закон, вели професорот по безбедносни и одбранбени науки, Александар Нацев, во својата објава на социјалните мрежи.

„Дали СДСМ и Шеќеринска ја прекинаа меѓусебната координација“? – прашува Нацев.

Тој вели дека е проблематично што се носи Закон за служба во армијата, без да се усвои Законот за одбрана како фундаментален закон.

-Ваквата негрижа за војската и ваквата правна неписменост е невидена во досегашната одбрамбена историја на независна Македонија, посочува професорот.

Исто така во однос на Законот за служба во армијата, на социјалните мрежи вработени во армијата се пожалија на одредени недоследности на истиот, во однос на продолжување на договорите за вработување со право по навршување на 40 години пензиски стаж, по надополнување на 55 години возраст.

Граѓаните кои имаат интерес за овој закон упатија бројни прашања до надлежните како:

„Дали во случај ако вработениот има 55 години старост, а нема 40 години стаж, согласно членот 218 вработениот со возраст од 55 години може да бара да работи до 60 години возраст ?“.

„Предизборна кампања како и се друго што се однесува за Армијата, партиска книшка, неписмен закон, необјаснет и недвосмислен“ – велат граѓаните во коментари.

По повод законот за служба во Армијата, се огласи и Синдикатот на одбраната и безбедноста, кој објави дека не се опфатени професионалните војници кои немаат наполнето четири години стаж и припадниците на МО и АРМ кои имаат купено станови од тогашниот стамбен фонд оставен од ЈНА.

Исто така во Законот за служба во делот на пензионирање со изговор на Министерката дека немало пари, припадниците на МО и АРМ ќе се пензионират ( достоинствено) со 40 години пензиски стаж и 55 години старост за споредба во МВР се пензионираат со 40 години пензиски стаж или 55 години старост, но АРМ не е МВР.

Од синдикатот велат дека се надеваат ова во иднина да се смени и припадниците на МО и АРМ достоиствено да заминуваат во пензија, велат исто така дека очекуваат набрзо добијат барем по еден, немора по два, комплет на униформа и по еден пар чизми.