четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 26
home Вести

„Ваксинејшн канселејшн“: Вакцини нема, јавноста тера мајтап

„Ваксинејшн канселејшн“: Вакцини нема, јавноста тера мајтап

Иако вчера помпезно беше најавено дека денес ќе стигнат вакцините кои Србија ќе ни ги отстапи нам, истите во Македонија нема да стигнат. Одложено е доаѓањето на вакцините против ковид-19 од Србија, кое требаше да се случи на граничниот премин Табановце, каде требаше да се одржи свечено примопредавање на кое требаше да присуствуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и македонскиот премиер, Зоран Заев.

Доцна синоќа Владата соопшти дека одложувањето е заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, а вакцините ќе бидат предадени во наредните денови.

Откако синоќа одекна веста дека вакцините нема да стигнат денеска, на социјалните мрежи избувна лавина од реакции. Социјалната мрежа Фејсбук беше преплавена од коментари од обичните граѓани, но и од општествени дејци како новинари, аналитичари и така натаму.

Меѓу оние кои први реагираа синоќа се и поранешниот член на СДСМ, Ивор Мицковски кој на подбивен начин прашува, што ќе правиме сега со блех оркестарот, кој требало да свири за време на примопредавањето на вакцините.

Новинарката Тамара Грнчароска пишува, „Чекам некој конечно да каже: Дечки скриена камера е, мафнете им на гледачите“.

Александар Манасиев во статус на Фејсбук пишува, “Сакам вакцина у поштенско сандаче“, како и во друг статус во ко кој, подбивајќи се со лошиот англискиот на премиерот Заев пишува, „Ваксинејшн канселејшн“.

 

 

Со реакција се јави и претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вели дека немањето вакцини е доказ дека луѓето во владата се неспособни и заради тоа треба да си поднесат оставки.

„На човек му се смачува од нивното незнаење и неспособност. Наместо оправдувања, треба да се пишуваат оставки. Нема дно кое не го пробија“, пишува Мицкоски на Фејсбук.

ЕУРО 2020

Македонија