вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 57
home Вести

„Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме“

„Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме“

Во Скопје денеска и утре ќе се одржи научна конференција на тема „Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме“ во организација на здружението „Од нас, за вас“.

Целта е на едно место да се спротистават аргументите „за“ и „против“ вакцинацијата. Поканети се експерти од државава и од Словенија, Хрватска и Србија.

Во текот на денешниот ден ќе се дебатира за оваа проблематика од правен аспект, а утре лекари од земјава и странство ќе ги презентираат своите ставови околу вакцинацијата.