среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 130
home Вести

Вакцините од Србија нема да пристигнат утре – недостасувал документ

Вакцините од Србија нема да пристигнат утре – недостасувал документ

Доцна вечерва од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ информираа дека се одлага примопредавањето на вакцините од Србија за Македонија,

Од таму соопштија дека одложувањето е поради заради неопходна дополнителна техничка документација пренесува дописникот на МИА од Белград.
Вакцините ќе и бидат предадени на нашата земја во наредните денови, се наведува во соопштението на Службите за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

Владината прес служба, исто така, информира дека настанот за кој се акредитираа новинари и фоторепортери за утре, се одлага за неопределено време.

Ве известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за утре, 11.02.2021 година (четврток), на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија