четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 126
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Вакцини против грип кон крајот на месецов, бесплатни за ризични групи

Вакцини против грип кон крајот на месецов, бесплатни за ризични групи

Вакцините против сезонскиот грип се очекува да пристигнат кон крајот на месецов, по што веднаш ќе почне процесот на вакцинација. Набавени се 40.000 дози на четири типни вакцини кои се производ на „Sanofi Pasteur“, Франција (VAXIGRIP TETRA), информираат за МИА од Министерството за здравство.

Вакцините, како што истакнуваат, се наменети за бесплатна вакцинација на следните дефинирани ризични групи: лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до пет години.

Како и претходните две сезони, заинтересираните лица ќе можат да ја закажат бесплатната вакцинација преку својот матичен лекар. Со цел избегнување на дополнително оптеретување на епидемиолошките служби при центрите за јавно здравје, каде досега се спроведуваше вакцинацијата против сезонски грип, годинава изготвуваме Акциски план кој ќе вклучи дополнителни вакцинални пунктови. На овој начин вакцинацијата ќе биде подостапна за граѓаните. Kомерцијалните вакцини против сезонски грип ги набавуваат центрите за јавно здравје, посочуваат од Министерството за здравство.

Коронавирус