понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 205
home Вести

Вакцини нема, Филипче не знае кај тера!

Вакцини нема, Филипче не знае кај тера!

Македонија остана без вакцини против КОВИД-19? Вчера низ медиуми се појави вест каде што српската премиерка Ана Брнабиќ при свое гостување на една телевизија истакна дека Македонија нема способност и опременост да ја прими српската донација од вакцини против КОВИД-19.

„Имаме договор, начелно разговараа премиерот на Македонија Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини“, вели на гостувањето на „Хепи ТВ“ премиерка на Србија, Ана Брнабиќ и додава дека тие помагаат да се регистрираат вакцините „Фајзер“ во Македонија.

По оваа вест мол од власта. Единствено министерот за здравство Венко Филипче вчера на социјалните мрежи напиша дека Македонија ќе ги прими српските вакцини.

„Нема пречка за увозот на вакцините од Србија. Првите вакцини од Фајзер и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз. Планот за вакцинација е подготвен. Спремни сме со нашата инфраструктура, фрижидерите веќе се инсталирани и може да се складира огромна количина на вакцини. Во моментот кога ќе пристигнат вакцините имаме план по којшто ќе постапуваме, здравствените работници се први“, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство Венко Филипче.
Напишаното на министерот за здравство Венко Филипче не наиде на позитивни коментари, туку граѓаните го коментираа како единствена цел му е да ја смири македонската јавност со лаги бидејќи изјавата на премиерот на Србија, Ана Брнабиќ наиде на лавина коментари.

За оваа вест се огласи и претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи на социјалните мрежи дека крајно неодговорно и срамно е што прави власта, а цената за недоговорноста на Зоран Заев и Венко Филипче ја плаќаат граѓаните со своите животи.

„Пред еден месец кога Бугарија соопшти дека ќе ни подари вакцини против корона, тоа го поздравив и прашав дали Владата има воопшто план? Денес го добивме одговорот декa нема. Имено премиерката на соседна Србија, Брнабиќ кажува дека и покрај тоа што одлучиле да помогнат со 8 илјади вакцини процесот е закочен зошто вакцината не е регистрирана и има отсуство на план за регистрација. Со други зборови, додека светот оди напред, нашата влада го губи времето, додека народот умира на рати. Толку се неспособни што дури и подарени вакцини не може да ги применат. Што правеа додека регионот планираше и бараше вакцини“, напиша на социјални мрежи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сепак поентата не е само да се дојде до вакцината, има многу повеќе работи зад завесите, а тоа е регистрација од Агенцијата за лекови и план за вакцинација.

Најнови вести

Коронавирус