вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 29
home Вести

Вакцини нема, а над 25.000 граѓани пополниле апликација да се вакцинираат

Вакцини нема, а над 25.000 граѓани пополниле апликација да се вакцинираат

Министерството за здравство информира дека досега 25 401  граѓани ја имаат пополнето апликацијата на веб-страницата „Vakcinacija.mk“ за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19.

Оваа веб-страница вчера беше пуштена во употреба и преку неа граѓаните може да се пријават дека сакаат да се вакцинираат.
Секој граѓанин кој ќе ја пополни апликацијата, се регистрира во електронскиот систем „Мој Термин“, а матичниот лекар ќе може да го види податокот за пациентот.
-Вакцинацијата против коронавирусот ќе се спроведува исклучиво преку превидениот план кој е изготвен во Националниот план за имунизација на населението во Македонија. Процесот на вакцинирање на граѓаните ќе се одвива во три фази по приоритетни групи. Согласно распоредот предвиден во планот, матичниот лекар ќе ги повика и информира граѓаните за точниот датум и часот кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата, соопшти Министерството за здравство.
Со пополнувањето на регистрацијата, граѓаните искажуваат само интерес за вакцинација. Тоа не значи дека закажале и термин за вакцинирање. Датумот и часот за вакцинација го утврдува Националниот систем „Мој Термин“ согласно со фазите кои ги содржи Националниот план за КОВИД-вакцинација.
Како што посочува Министерството, во првата фаза е предвидено да се вакцинираат здравствените работници кои работат со ковид-пациенти во болнички услови и се изложени на многу висок ризик од инфекцијата, а во оваа фаза се и следните приоритетни групи за вакцинирање: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртен исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија