Во следните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец.
Во вторник попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, а во среда попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.