среда, 2. декември 2020. Вести денес: 210
home Вести

Уживајте во сонцето: Метеоролозите најавуваат магла и обилни врнежи

Уживајте во сонцето: Метеоролозите најавуваат магла и обилни врнежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб јужен ветер. Утринските температури ќе се движат од -5 до 1 степен, додека дневните ќе достигнат до 12 степени.

Во Скопје и околината температурата ќе се движи од -3 во утринските часови до 6 преку ден.

Во текот на работната недела времето ќе биде претежно стабилно со појава на утринска магла по одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во текот на ноќта кон среда и во среда во утринските часови. Пообилни врнежи се очекуваат од сабота кон крајот на денот.

Коронавирус