вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 85
home Вести

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ организираше хуманитарна акција за собирање на училишен прибор

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ организираше хуманитарна акција за собирање на училишен прибор

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ традиционално и оваа година по повод 1 Септември, почеток на новата учебна година организираше хуманитарна акција за собирање на училишен прибор.

Од Унијата на жени информираат дека акцијата се организира во сите Општински комитети на територија на Република Македонија и собраниот училишен прибор се донира во многудетни семејства и семејства во социјален ризик.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ како општествено одговорна организација и во иднина ќе продолжи со организација и поддршка на активности од хуманитарен карактер.

Коронавирус