сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Вести

Увид во реконструкцијата на регионалниот пат Кочани – Делчево

Увид во реконструкцијата на регионалниот пат Кочани – Делчево

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе изврши увид во реконструкцијата на регионалниот пат Кочани – Делчево.

За рехабилитацијата на патна делница Кочани – Македонска Каменица – Делчево во должина од 30 километри, предвидени се шест милиони евра.

Носител на проектот, што се реализира со средства од Светска банка, се Министерство за транспорт и врски и ЈП за државни патишта.

Планирано е реконструкцијата на овој патен правец да заврши овој месец.

За време на работната посета на општина Кочани, министерот Сугарески ќе има средба и со градоначалникот на Кочани, Николчо Илиев. 

МИА