вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 39
home Вести

Утрово во три македонски града не се дише- слична ситуација речиси во целата земја, власта кривецот го најде во граѓаните (ФОТО)

Утрово во три македонски града не се дише- слична ситуација речиси во целата земја, власта кривецот го најде во граѓаните (ФОТО)

Ситуацијата со загадениот воздух никако да се промени.

Алармантните бројки секојдневно ги гушат граѓаните на нашата земја, додека власта буквално не презема ништо и причината во тоа ја гледа во самите граѓани кои ги загревале домовите откако ќе се вратат во своите домови по 17 часот.

Утрово најлоша е ситуацијата во Тетово каде загаденоста на воздухот е 86 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, потоа следува Кавадарци и Велес.

Слична ситуација имаме и во Гостивар каде што мерните станици мерат малку помалку загаден воздух од првите три града, потоа следува  Битола и Кочани.

Вчера по тој повод ВМРО-ДПМНЕ организираше и протести во неколку градови низ земјава, а пораката беше јасна, власта да преземе одговорност и да си даде оставка.

Освен коронавирусот оваа зима се поочигледно е дека граѓаните ќе ги мачи и загадениот воздух кој речиси се појави веднаш што започна падот на температурите во ноќните и утринските часови.