петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Утрово сo минусни температури, преку ден до 19 степени

Утрово сo минусни температури, преку ден до 19 степени

Времето утрово е студено, од -6 до 2 степена, а преку ден се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, слаб претежно јужен ветер и температура од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Според УХМР, во следниве денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури. Утринските температури уште денеска на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината, а потоа и тие ќе се покачуваат. Од вторник ќе има повеќе облачност, понестабилно време со појава на повремен врнежи од дожд.

Најнови вести

Коронавирус