сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 60
home Вести

Утрово најстудено во Лазарополе и Берово -10, во Скопје минус пет

Утрово најстудено во Лазарополе и Берово -10, во Скопје минус пет

Најстудено изутринава е во Лазарополе и Берово каде се измерени минус 10 степени, во Демир Капија -7, во Крива Паланка, Гевгелија, Струмица и Битола -6, во Маврово, Прилеп, Скопје, Тетово и Штип -5, во Ѓуриште, Дебар, Претор и Пожаране -4, во Виница, Охрид и Тополчани -3 и во Крушево -1 степен.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има  појава на слаба магла. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 5 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер, претпладне со појава на слаба магла. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. До недела во претпладневните часови ќе има температурна инверзија што по одделни котлини ќе ги зголеми условите за појава на магла или заматеност на атмосферата.

Коронавирус