четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 131
home Вести

Утрово беа приведени, а сега веќе ја добија казната- еве што ги очекува администраторите на „Јавна соба“

Утрово беа приведени, а сега веќе ја добија казната- еве што ги очекува администраторите на „Јавна соба“

На Д.К. и М.П., осомничени за кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Тие денеска, како што информира Основниот кривичен суд, биле спроведени пред судија на претходна постапка.

– По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица, во присуство на нивен бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор и висината на предвидената казна за конкретното кривично дело, судија на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решенија со кои на Д.К. и М.П. им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на сите основи од член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП, односно опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоците и ќе го повтори или доврши кривичното дело, наведува Судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

ЕУРО 2020

Македонија