среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 48
home Вести

Утрото ни започна со дожд и грмежи – еве до кога ќе имаме дожд, особено прочитајте што не очекува од вторник

Утрото ни започна со дожд и грмежи – еве до кога ќе имаме дожд, особено прочитајте што не очекува од вторник

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Преку денот ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 28 степени.

Променливо облачно ќе биде и утре претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Услови за локален пороен дожд ќе има и во понеделник.

Од вторник ќе преовладува претежно стабилно време со пониски дневни температути, информираат од УХМР.

Локални избори 2021