петок, 14. мај 2021. Вести денес: 21
home Вести

Утринава најстудено во Крушево, еве каде има најмногу снег

Утринава најстудено во Крушево, еве каде има најмногу снег

Во Крушево изутрина се измерени -5 степени, во Берово и Крива Паланка -3, а  во Тетово, Скопје-Петровец и Охрид -1.  Во Дебар, Прилеп, Претор и Виница 0 степени, Штип, Демир Капија, Струмица, Скопје-Зајчев Рид и Куманово 1,  2 во Битола, 4 во Дојран,  5 во Гевгелија. Дванаесет сантиметри снег има во Пожаране, седум во Берово, а во Крушево еден сантиметар, соопшти УХМР.

Најавува дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а од пладне ветерот ќе го промени правецот во југоисточен. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Коронавирус