петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Утре започнува пробниот попис, еве кои општини се опфатени

Утре започнува пробниот попис, еве кои општини се опфатени

Почнува пробниот попис на населението, домаќинствата и становите, со кој ќе бидат опфатени 13 општини. Вработените во државниот завод за статистика денес беа на терен да ги бележат границите каде ќе се одвива.

Попишувањето се спроведува електронски, а попишувачите со лаптопи поврзани преку интернет конекција директно во посебна апликација ги внесуваат податоците. Вработените во Државниот завод за статистика денес беа во Општина Кисела Вода, која е една од општините каде ќе се спроведува пописот. Тие велат дека единствено ќе им треба матичниот број од граѓанинот, а дека целата на пробниот попис е да се провери веб апликацијата и интернет конекцијата.

Секој попишувач треба да пополни три типа прашалници: за условите на живеење во домаќинството, за типот и квалитетот на станбениот простор и прашања за демографските, социолошките, економските и етно-културолошките белези на населението.

Пробниот попис почнува утре од 9 часот и ќе трае до крајот на месецот, а ќе се спроведува во општините: Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Штип, Радовиш, Куманово, Свети Николе, Кратово, Прилеп, Долнени, Струга, Кичево и Валандово.

Пописот на населението, домаќинствата и становите треба да се реализира во април 2020 година.

Пробниот попис почнува без да биде донесен законот за попис, кој минатата недела беше ставен на дневен ред на собраниска комисија, но беше повлечен, а од Собранието нема информација кога повторно ќе биде ставен на дневен ред.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симески вели дека пробниот попис ќе го спроведат согласно европските стандарди.

Извор: sdk.mk

Коронавирус