сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 37
home Вести

Утре второ пријавување во средните училишта

Утре второ пријавување во средните училишта

Во јавните средни училишта утре ќе се спроведе второ пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во средно образование во учебната 2018/2019 година.

По првото пријавување на 18-ти и 19 јуни, Министерството за образование и наука соопшти дека за второто пријавување слободни се вкупно 24 086 места, од кои за гимназиско образование 6 068 и за стручно образование 17 900 места. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени в петок,  29 јуни.

За второто пријавување училиштата можеа да го намалат утврдениот број минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско-правна и трговска струка и здравствена струка.

На првото пријавување овој месец во прва година средно за 2018/2019 се запишале 11 697 ученици од 17 590 кои конкурираа.

Како и во минатите години, најголем беше интересот во гимназиите, така што запишувањето ученици, како што информираше МОН, е завршено во скопските гимназии „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“ ,„Орце Николов“, „Георги Димитров“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и во „Јосип Броз Тито“ во Битола, како и за образовни профили од здравствена струка и од економско-правна и трговска струка…

За учениците од деветто одделение кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, ќе се организира втор уписен рок во август, во училиштата во кои ќе има слободни места по јунскиот рок. Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 23 август.

Коронавирус