недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Утре владата планира да ја задолжи државата и граѓаните за нови 22,4 милиони евра- Долговите растат проекти нема

Утре владата планира да ја задолжи државата и граѓаните за нови 22,4 милиони евра- Долговите растат проекти нема

Министерството за финансии за утре има закажано аукција на државни хартии од вредност во износ од 1.380.000.000 денари или 22,4 милиони евра. Имено, за утре е закажана аукција на 15 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 330.000.000 денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1.050.000.000 денари, пушува порталот Економски.

Владата константно се задолжува без конкретни проекти што е загрижувачки и опасно велат експертите. Така само во месец мај владата ја задолжи земјата за 25 милиони евра. Долгот константно расте.

Исто така загрижувачки е фактот што  во фискалната стратегија на министерството за финансии која го проектира долгот на државата до 2021 година е огромен.Владата на Заев и министерот Тевдовски до 2021 година според нивната фискална стратегија ќе го зголемат јавниот долг на неверојатни 6,1 милијарди евра.Над 6,1 милијарда евра ќе биде долгот на граѓаните до крајот на мандатот на Владата на СДСМ.Според пресметките секое четиричлено семејство до крајот на мандатот на оваа Влада ќе биде задолжено за близу 13.000 евра.

Според извештајот на Министерството за финансии реализацијата  на капиталните инвестиции за првите 4 месеци од годината е под 11 % што е поразително. Експертите предупредуваат дека со вакво темпо на реализација на капитални инвестиции можно е да не се постигне проектираниот БДП за 2018. Инаку лани Македонија имаше БДП од 0% додека целокупниот регион и Европа доживеа економски бум. Реализацијата на капиталните инвестиции е тесно поврзана со градежништвото кое пак е двигател на економијата и учесник во градењето на БДП. Според познавачите падот на градежништвото е директно поврзан со слабата реализација на капитални инвестиции и тоа ја става Македонија пред опасен пат на економски план. Додатно задолжувања без никакви стратешки резултати и проекти е опасно и ја води Македонија кон пропаст согласна е целокупната експертска јавност.

Најнови вести

Коронавирус