петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 137
home Вести

Утре средба Заев-Гаши во клубот на пратеници

Утре средба Заев-Гаши во клубот на пратеници

Со новата работна недела, нова можност за договор за окрупнување на владејачкото мнозинство. Откако Алтернатива ја одложи одлуката за влез во Владата утре нова средба на лидерите на СДСМ и Алтернатива, Зоран Заев и Африм Гаши.

Ќе се обидат да најдат зеднички јазик и да пресечат помеѓу желбите на Алтернатива од една страна и можноста за отстапување на функциите на СДСМ и ДУИ од друга страна. Како што веќе објави ТВ24, неофицијално, Гаши од Заев бара две министерски, три заменички министерски и едно вицепремиерско место но и неколку стотици други вработувања во пониските ешалони на власта.

Извори за ТВ 24 неофицијално информираат дека министерските места ќе се бараат во труд и социјала, здравство, култура, земјоделство или образование. Официјално од партијата без детали.

Од СДСМ пак се речиси сигурни дека Алтернатива ќе влезе во Владата

„СДСМ смета дека има простор за продолжување, односно интензивирање на разговорите за приклучување на партијата Алтернатива, секако врз основа на вредности и програмски определби. Сето тоа е важно за стабилноста на земјата, за предизвиците пред граѓаните, ен ергетската криза, панденијата и европската перспектива на земјата.За овие разговори останува пренесената надлежност на Централниот одбор на претседателот Заев.“ – велат од СДСМ.

Од ДУИ пак повторуваат дека Заев треба да остане на премиерската позиција. И додека власта се фали дека има мнозинство од 61 пратеник, а никој не кажува кој е тој, од опозицијата и денеска со барање за предвремени парламентарни избори.

Средбата доаѓа откако Гаши доби поддршка од сопартијците да продлжи со преговорите.

Коронавирус