недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Утре сончево време, а попладне дожд

Утре сончево време, а попладне дожд

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, попладне претежно во западните делови ќе има појава на локален дожд, информира УХМР.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 8 и 15, а дневната ќе достигне од 23 до 31 степен. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје умерено облачно, попладне со услови за краткотраен локален дожд. Температурата ќе се движи од 13 до 27 степени.

Во наредниот период ќе преовладува променливо и посвежо време. И во сабота во попладневните часови ќе има појава на локален дожд.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во сабота во текот на ноќта и во недела.