четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Утре пролет, а потоа доаѓа вистинското лице на месец март- еве каква временска прогноза не очекува овој викенд

Утре пролет, а потоа доаѓа вистинското лице на месец март- еве каква временска прогноза не очекува овој викенд

Времето утре во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура утре во земјава ќе достигне 22 степени.

Во недела времето ќе биде претплaдне со умерена облачност, преку денот сончево и посвежо. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Во понеделник времето ќе биде претежно сончево и свежо со умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален дожд, а на повисоките места слаб снег.

Во вторник на вториот ден од месец март времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Коронавирус