сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 12
home Вести

Утре последен ден за пријавување на болни и изнемоштени за гласање во домашни услови

Утре последен ден за пријавување на болни и изнемоштени за гласање во домашни услови

Општинската изборна комисија во Кичево е во целост подготвена за референдумското изјаснување. Утре ќе се изврши и обука на членовите на избирачките одбори, се со цел денот на изјаснувањето да помине во најдобар ред, вели преседателката на општинската изборна комисија Антигона Сефери.

– Би сакала во ова прилика да ги известувам сите граѓани кои се болни и изнемоштени и кои сакат да го искористат своето граѓанско односно гласачко право во домашни услови дека утре до 24 часот е последен рок за пријавување со потребната лекарска документација од лекар специјалист, но и соодветен документ од центарот за социјани работи за оние лица кои користат туѓа нега, додаде Сефери.

Коронавирус