среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Вести

Утре ќе се договара техничката Влада- Партиите ги избираат кандидатите за премиер и министри

Утре ќе се договара техничката Влада- Партиите ги избираат кандидатите за премиер и министри

Македонија е на чекор од формирање техничка влада, откако владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ постигнаа договор да бидат усвоени законски предлози кои се врзани со примена од 1 јануари, а кои претходно беа блокирани од опозицијата.

По одржување на седницата на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев информираше за одлуките.

– Прво Извршниот и Централниот комитет едногласно дадоа доверба на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицкоски да ги води разговорите и да ги даде предлозите во однос на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за идни министри, односно заменици или дополнителни министри во техничката влада. Целта на овие луѓе ќе биде да се погрижат за фер, демократски и целосно транспарентни избори кои ќе се одржат на 12 април, вели тој.

Централниот и Извршниот комитет даде целосна едногласна поддршка на Претседателот на партијата Христијан Мицкоски да биде новиот мандатар односно кандидат за мандатар по завршување на изборите на 12 април, на кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува убедлива победа.

Разговорите за техничката влада започнуваат утре во 16 часот со средба во Собранието меѓу претседателите на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Еден час потоа во Влада премиерот на заминување Зоран Заев ќе оствари средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Вечерва и СДСМ ќе решава за кадровски прашања поврзани со техничката влада. На седница на Централниот одбор треба да биде избран кандидатот за технички премиер, кој ќе ја преземе функцијата откако Заев ќе поднесе оставка на функцијата.

Коронавирус