вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 41
home Вести

Утре истекува рокот за поднесување на годишна даночна пријава до УЈП

Последните податоци на УЈП покажуваат дека досега се поднесени вкупно 334.360 пријави. Во текот на денешниот и утрешниот ден во УЈП очекуваат да бидат поднесени уште околу 100 илјади ГДП.
Утре истекува рокот за поднесување на годишна даночна пријава до УЈП

Утре истекува рокот за поднесување  Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2017 година.

Последните податоци на УЈП покажуваат дека досега се поднесени вкупно 334.360 пријави. Во текот на денешниот и утрешниот ден во УЈП очекуваат да бидат поднесени уште околу 100 илјади ГДП.

Најмногу или 125.165 пријави се поднесени во Скопје, во Битола 46.400, Тетово 28.621, Струмица 29.982, Прилеп 45.652 и Штип 58.540 годишни даночни пријави.

Пријавите освен на шалтерите може да се поднесат електронски и да се испратат по пошта.

– Со цел избегнување на метежите, особено во Регионалната дирекција Скопје, апелираме граѓаните да ги поднесуваат пријавите и на шалтерите на УЈП кои се отворени за прием на Годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром и Мобилниот даночен шалтер во Драчево што ќе биде стациониран на 15 март пред месната заедница во периодот од 10:00 до 14:00 часот.

За ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и нецелосно пријавени приходи Законот предвидува глоба од 100 до 200 евра, во денарска противвредност.

Коронавирус