среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 100
home Вести

Утре дожд и снег, сонце од недела- УХМР со временска до понеделник (ФОТО)

Утре дожд и снег, сонце од недела- УХМР со временска до понеделник (ФОТО)

Времето утре ќе биде умерено до значително облачно со умерен јужен ветер. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, на планините од снег.

Во сабота, претежно облачно со врнежи од дожд, на планините од снег, а на места врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Претежно сончево и потопло ќе биде во недела.

Во понеделник пак, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло, по одделни котлини со услови за појава на магла.