понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 49
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Уставниот суд оформил предмет за вработените во СЈО

Уставниот суд оформил предмет за вработените во СЈО

По информации објавени од некои медиуми, Уставниот суд информира дека нема оформено предмети за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Владата за доделување парични средства на одредени високообразовни институции од земјава ниту досега е доставена иницијатива за оценување на нејзината уставност и законитост.

– По однос на Уредбата со законска сила која се однесува на вработените во СЈО, информираме дека е оформен предмет по претходно поднесена иницијатива од политичка партија. До денес, по овој предмет не е закажана седница на која би се разгледувал истиот. Истовремено нагласуваме дека за Уставниот суд е неприфатливо однапред да се шпекулира со исходот на било кој предмет, соопшти Уставниот суд.

Судот апелира до медиумите дека може да ги постават своите прашања до портпаролот на Судот или преку електронски пат на мејлот кој што е објавен на сајтот, со цел да се добијат веродостојни и точни информации.

Парламентарни избори 2020