среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 177
home Вести

Уставниот суд нема да расрава за распуштањето на Собранието, веќе донеле одлука

Уставниот суд нема да расрава за распуштањето на Собранието, веќе донеле одлука

По дискусијата на работниот состанок, Уставниот суд едногласно зазеде став дека не постојат услови за прифаќање на иницијативата на уставниот судија Осман Кадриу, стои во соопштението на Уставниот суд. За распуштањето на Собранието, уставните судии донеле одлука на 8 април.

Имено, на работниот состанок уставните судии денеска расправаа по предлогот на судијата Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието.

Судот, претходно во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оваа одлука. Но, на 30 април, од страна на судијата Осман Кадриу беше доставен предлог за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на истата одлука.

Коронавирус