вторник, 11. август 2020. Вести денес: 105
home Вести

Уставен суд стопира рушење по плажите, градоначалникот на Охрид ќе рушел и натаму

Уставен суд стопира рушење по плажите, градоначалникот на Охрид ќе рушел и натаму

Општина Охрид има донесено правосилни решенија за уривање на плажите неколку години пред уредбата на Владата и затоа ќе продолжиме да уриваме сѐ додека не ги отстраниме сите дивоградби долж крајбрежјето, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески по одлуката за Уставен суд да се запре уривањето на плажите во Охрид. Георгиески за САКАМДАКАЖАМ.МК  вели дека не му е потреба уредба или каква било друга одлука од Владата за да урива дивоградби бидејќи тоа е надлежност на Општината.

„И во самиот договор кој го имаат концесионерите стои дека земјиштето треба да се врати во првобитна состојба откако ќе помине договорот за закупот. Ние постапуваме по тие договори, бидејќи закупците не ѝ плаќаат кирија на Општината, а не по редба на Влада. Затоа, уште лани распишавме тендер за уривање на дивоградбите, тогаш немаше никаква уредба.  Уставниот суд нема да ме спречи да продолжаме да си ја вршиме работата и да го исчистиме крајбрежјето од дивоградби“, додава Георгиески.

Уставниот суд на денешната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности, а поведе постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, но не на целата уредба, туку само во делот на дополнувањето, кое се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга. Дополнувањето за кое Уставните судии поведоа постапка, изгласано е на владина седница на 9 јуни. Забраната за уривање на плажите-дивоградби според одлуката на Уставен суд ќе трае до денот кога ќе донесе одлука за поведената постапка.

Оригиналиот текст на САКАМДАКАЖАМ.МК во целост видете го на следниот линк. 

Коронавирус