вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 42
home Вести

Уставен суд поведе постапка за член од Законот за минималната плата

Уставен суд поведе постапка за член од Законот за минималната плата

Уставниот суд на денешната седница ја оценуваше уставноста на одредби од Законот за минимална плата во Република Македонија.

Притоа, Судот поведе постапка и изрази сомнеж за уставноста на член 2, став 1 во делот „и исполнет нормиран учинок“ и ставовите 2, 3 и 4 и член 7-б ставови 1 и 3 од Законот за минимална плата во Република Македонија.

Судот изрази сомнеж на овие законски одредби од аспект на владеењето на правото.

Подносител на иницијативата е Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) застапувани од адвокат Димитар Петровски.

Тие сметаат дека „нормираниот учинок“ треба да се тргне од овој Закон за минимална плата, затоа што овој закон решава минимална плата, додека нормираниот учинок треба да се регулира со Колективниот договор на ниво на работодавачи.