недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Уставен суд нема да оценува дали ѝ е повредено правото на мајчинство на Јанкулоска додека не заврши жалбената постапка

Уставен суд нема да оценува дали ѝ е повредено правото на мајчинство на Јанкулоска додека не заврши жалбената постапка

Не е точна информацијата дека Уставниот суд оценил дека нема прекршување на Уставот во судските процеси во кои е обвинета Гордана Јанкулоска, како што пренесуваат дел од медиумите. Во решението објавено на сајтот на Уставниот суд, стои дека Уставниот суд го отфрла барањето на Јанкулоска бидејќи „пресудата (на Кривичниот суд) со комплет списите по предметот по изјавена жалба се наоѓа во фаза на жалбена постапка пред Апелациониот суд во Скопје и се уште истиот не се произнел по жалбата, што значи дека првостепената пресуда не е се уште правосилна“.

Ова значи дека судот го отфрла барањето, но не и дека оценил дека нема прекршување на нејзините права загарантирани со Уставот.

Уставниот суд на Република Македонија нема надлежност да одлучува за права и интереси на граѓани по конкретни предмети од надлежност на судовите и други државни органи, ниту може да постапува како инстанционо повисок суд кој ќе ја цени уставноста и законитоста на нивните одлуки и преземени дејствија.

Меѓутоа, конкретниот акт, односно пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје не е се уште правосилна , во смисла на членот 51 од Деловникот и истата не претставува конечен или правосилен акт врз основа на кој може да се бара заштита за сторена повреда на слободи и права, утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот, од причина што барањето до овој суд, е поднесено на ден 29.10.2018 година, а наведената пресуда со комплет списите по предметот по изјавена жалба се наоѓа во фаза на жалбена поjankuстапка пред Апелациониот суд во Скопје и се уште истиот не се произнел по жалбата, што значи дека првостепената пресуда не е се уште правосилна што е предуслов, односно процесна претпоставка за да може Уставниот суд мериторно да се впушти во одлучување по поднесеното барање.

Со оглед на тоа што пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје, во која постапка на донесување барателката смета дека со определени дејства на Судот и била сторена дискриминација по основ на пол и политичка припадност, не претставува конечен или правосилен акт во смисла на член 51 од Деловникот на Уставниот суд, Судот оцени дека во конкретниот случај, не постојат процесни претпоставки за постапување по барањето односно дека се исполнети условите од член 28 алинеја 3 од Деловникот за отфрлање на истото.

Јанкулоска поднесе барање за оценка на дискриминација, односно повреда на правото на мајчинство од судијката Добрила Кацарска.