сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Уставен го отфрли поднесокот на СМК за 27 април, а собраниската амнестија за истотo не ја чепка

Уставен го отфрли поднесокот на СМК за 27 април, а собраниската амнестија за истотo не ја чепка

Уставениот суд го отфрли поднесокот на СМК за 27 април, а собраниската амнестија за истото не ја чепка. Уставен ги разгледа иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина и посебно за членот 2. Ставовите на уставните судии се поделени. За едни иницијативата треба да се отфрли како неоснована, додека според други законот е противуставен и иницијативата на може да биде отфрлена.

Не поведоа постапка по иницијативата поднесена од Светскиот македонски конгрес и ја отфрлија иницијативата на адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, која ја оспори постапката на амнестирање и побара аменстијата да се изврши за сите инволвирани. Со селективноста на амнестијата се согласија судиите Јован Јосифовски и Елена Гошева.

Јавна тајна е дека амнестијата придонесе тројца опозициски пратеници да го поддржат Преспанскиот договор, и тоа меѓу редови и срамежливо стои во целите и начелата на законот каде што се спомнува ЕУ и НАТО интеграција.

Собранието има право да врши амнестија, но не може тоа право да му го пренесе на Судот. Тоа го повредува принципот за поделба на законодавната од судската власт. Дополнително, за исто дело, еден сторител добил амнестија, а друг не, што претставува нееднаквост, рече судијата Јован Јосифовски.

Уставниот судија Насер Ајдари со став дека барањата за утврдување на уставност треба да се отфрлат како неосновани, бидејќи судот веќе се има произнесено по овој закон.

Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, рече дека негов личен став е дека сите правни норми мора да бидат функционални и дека со давањето вакви закони за вакви настани не се зацврстуваат државните вредности.

Судијата Осман Кадриу, нагласи дека треба да се прифати дека законодавецот не дава амнестија за дела со кои се загрозува интегритетот и суверенитетот на државата, додека судијката Елена Гошева вели дека има многу недоследности и дека треба да се отфрли предлогот за одбивање на иницијативата како неоснована.

Пред повеќе од еден месец, Уставниот суд ја отфрли иницијативата поднесена од Митко Чавков, осуден за „крвавиот четврток“ на 18 години затвор. Казнети се уште 15 лица, а исто толку се амнестирани. Осудените добија драконски 211 години затвор.

Коронавирус