петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Успешните македонски приказни на Школата за млади лидери (ФОТО)

Успешните македонски приказни на Школата за млади лидери (ФОТО)

Љупка Арсова, Нина Ангеловска, Ментар Махмуди, Филип Нелковски, Рашела Мизрахи и Методија Колоски беа меѓу дваесетината предавачи што своите видувања за лидерството ги презентираа пред учесниците на 10. Школа за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов, се одржува во Струга од 11 до 22 февруари.

Љупка Арсова, родена во Штип, работи како инженер за животна средина во Источната Истражувачка група, со седиште во САД. Таа одржа предавање на тема „Ние не и требаме на планетата, таа ни треба нам – сите сме дел од решението“.

На тема „8П на претриемништвото во дигиталниот свет“ предавање одржа Нина Ангеловска, коосновач на Grouper.mk. Ангеловска беше избрана од Forbes и се најде на листата од триесет најдобри и најветувачки претприемачи на ниво на Европа.

Предавање за Вештачка интелегенција пред учесниците на Школата за млади лидери одржа Ментар Махмуди, родум од Тетово, кој работи во автомобилската компанија Ауди во Германија како Експерт за вештачка интелегенција.

„Изминатиот викенд одржав предавање за Вештачка интелигенција и роботика на претседателската Школа за млади лидери во Македонија. Имав можност да комуницирам со високо талентирани и реализирани млади лидери кој веќе прават позитивно влијание во Македонија и во странство. Беше одлично искуство да сретнам толку многу млади луѓе. Би сакал да се заблагодарам на сите вклучени, особено, на претседателскиот кабинет за поканата и за нивната континуирана посветеност во обликувањето на подобрата иднина за Републиката!“, напиша Махмуди на социјалната мрежа Facebook.

Предавање на Школата за млади лидери одржа и Рашела Мизрахи, експерт за биохемија за андрологија, која својата докторска дисертација ја има одбранено на Бар Илан универзитетот во Израел.

„Почестена сум да бидам дел од Школата за млади лидери од година во година. Почестена да ги споделам мојата приказна и да се обидам да помогнам во обликувањето на младите умови“, напиша Мизрахи на социјалната мрежа Facebook.

Филип Нелковски, кој работи во UNDP и е сертифициран тренер по Активно граѓанство и лидерство, одржа предавање и работилница на тема Активно граѓанство.

За можностите за соработка и поддршка на македонската дијаспора презентација пред учесниците на Школата одржа Методија Колоски, претседател на Обединетата Македонска дијаспора.

Предавања на 10. Школа за млади лидери ќе одржат и Фанија Самак од компанијата Микросам од Прилеп, Садат Алими, кој работи како финансиски советник во PricewaterhouseCoopers, Никола Галевски од Глобалниот лидерски самит Македонија, како и Веле Самак, поранешен министер за странски инвестиции.

Во фокусот на годинешната Школа за млади лидери, на која учествуваат 40 млади и дваесетина предавачи, се предизвиците на 4. Индустриска револуција.

Најнови вести

Коронавирус