недела, 31. мај 2020. Вести денес: 25
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Успешна првата трансплантација на срце во земјава

Успешна првата трансплантација на срце во земјава

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека првата трансплантација на срце која синоќа се изведе на Клиниката за кардиохирургија во Скопје е успешна.

„Трансплатацијата успешна! „Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги“, напиша Филипче на својот профил на Фејсбук.

Министерот вчера сподели слика од тимот хирурзи и информираше дека се прават подготовски за почеток на операцијата, која потенцираше дека е исклучително тешка и ризична.

Срцето е трансплантирано од почината пациентка чие семејство се согласило да го донира срцето на пациент кој подолго време чекал донор.

Операцијата ја изведе тим хирурзи составен од Сашко Јовев од Државната кардиохирургија, Жан Митрев од приватната Клиника „Жан Митрев“ и Александар Николиќ од Клиниката „Систина“ и анестезиологот од КАРИЛ Маја Мојсова.

Коронавирус