недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Условот на ДУИ: Бежовска во финансии, Бесими гувернер на НБРМ

Условот на ДУИ: Бежовска во финансии, Бесими гувернер на НБРМ

Премиерот Зоран Заев за нов министер за финансии може да ја назначи само Анита Ангеловска Бежовска, гувернерката на Народната банка на Македонија, а на нејзино наместо да го назначи поранешниот министер за економија, Фатмир Бесими. Ова е условот што Демократската унија за интеграција му го поставила на СДСМ и на Заев по одлуката на Антикорупциска дека премиерот не може целосно на ја извршува и должноста на министерот за финансии, анализира КОХА.

Од ДУИ за весникот КОХА велат дека очекуваат СДСМ да го почитува договорот од пред две години за именување на Бесими на чело Народната банка на Македонија, бидејќи ова беше една од точките од договорот на владејачката коалиција.

-Важно е што ние не се откажеме од тоа, албански кадар, се разбира професионалец, да ја води Народната банка на Северна Македонија. Ова беше и една од точките кога се поделија ресорите заедно со СДСМ кога тие формираа владина коалиција, велат за КОХА од ДУИ.

Коха дознава дека во СДСМ запреле обидите за назначување на новиот министер задолжен за финансии, откако ДУИ го потсети премиерот за функцијата гувернер. Сега, по одлуката на Антикорупциска дека Заев не може да биде и министер за финансии и кога потписот и печатот на Министерството е во рацете на заменик-министерката Ширете Елези, премиерот размислувал за ново име со цел државниот буџет да биде во рацете на СДСМ.

-Анита Ангеловска Бежовска беше назначена за гувернер поддржана и од ВМРО-ДПМНЕ, по најавата на тогашниот претседател, Ѓорге Иванов, дека нема да ја поддржи кандидатурата на Фатмир Бесими за гувернер на НБРМ. Инаку, со формирањето на Владата, ДУИ не го криеше договорот за именување на Бесими на чело на НБРМ, а истото го има потврдено и премиерот Зоран Заев, пишува весникот.