среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Уште утре сонце, од петок пороен дожд, грмежи и ветер

Уште утре сонце, од петок пороен дожд, грмежи и ветер

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Температурата од 15 до 32 степени.

Во петок и за време на викендов претежно во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни.