понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 175
home Вести

Уште посрамно од украдената фотографија: Министерството за економија за изработка на истата платила околу 20 илјади евра (ФОТО)

Уште посрамно од украдената фотографија: Министерството за економија за изработка на истата платила околу 20 илјади евра (ФОТО)

Министерството за економија во четири очи склучила договор во висина од околу 20 илјади евра со компанијата која е во центарот на вниманието откако беше објавена фотографијата за кампањата на Владата за летување во нашата земја под мотото „Дома си е дома“.

Имено Министерството за економија преку електронскиот систем за јавни набавки склучила договор со фирма за подготовка на совтверско решение- платформа за издавање на ваучери за работници со ниски приходи во висина од околу 20 илјади евра.

Доказ дека власта рационално и правилно ги троши парите е вчерашната фотографија која стана буквално срамен хит на социјалните мрежи.

Преку украдена фотографија од германскиот национален парк „Берчесгаден“ тие ги повикуваат граѓаните да летуваат дома доделувајќи им ваучери за туризам.

Локални избори 2021