сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 32
home Вести

Уште не дојдени повторно не задолжија, владата на Заев со ново задолжување?

Уште не дојдени повторно не задолжија, владата на Заев со ново задолжување?

Дали државата ќе се задолжи повторно? Ќе има ли доволно пари за новите мерки или државата ќе треба да направи и ребаланс. Анализите биле во тек и за ова најверојатно ќе се знае кон крајот на неделава, односно до викендот, потврдува вицепремиерот Фатмир Битиќи.Тој рече дека во државата не е проблем нивото на задолжување. Во финална фаза е подготовката на мерките од четвртиот сет, па ако се позајмуваат пари тие ќе треба да се трошат паметно за нови инвестиции, поддршка на економијата и работните места.

– Во овој момент ги финализираме сите подготовки околу ребалансот на Буџетот и веројатно во петок доцна ќе имаме јасен став што значи капацитетот во овој момент од страна на Буџетот за намалување на расходната страна и ослободување на дел од средствата за четвртиот пакет. Тогаш ќе можеме да одоговориме колку ќе тежи економскиот пакет, но и како во првите три пакети ќе тежи онолку колку што на економијата и на секој еден граѓанин им е потребно. Клучен момент ќе биде одржување на секое едно работно место, потенцира Битиќи.

Македонија веќе позајми пари со еврообврзница.

Коронавирус