петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Вести

Уште колку лица треба да гласаат за да успеат изборите во Штип?

Уште колку лица треба да гласаат за да успеат изборите во Штип?

Податоците на ДИК за излезноста до 15:00 часот, покажуваат дека во Штип гласале 9.620 лица, а за да се достигне потребната излезност до затворањето на избирачките места треба да гласаат уште 4.306 гласачи. Пласница, пак, го достигна прагот со тоа што досега глсаа повеќе од една третина односно 1.658 од вкупно 4. 954 гласачи

Општините Штип и Пласница денеска избираат нови градоначалници, кои ќе имаат мандат од 9 месеци односно до одржувањето на редовните локални избори есента 2021 година.

Меѓутоа, за да бидат успешни денешните избори треба да гласаат една третина од гласачите, во спротивно изборите ќе пропаднат и целата постапка ќе се спроведува од почеток.

„Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на градот Скопје не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина“, пишува во ставот 2, член 132 од Изборниот законик.

Локални избори 2021