недела, 29. март 2020. Вести денес: 30
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Уште едно медицинско лице од Клиниката за кожни болести заразено со коронавирус преку доктор Цаца

Уште едно медицинско лице од Клиниката за кожни болести заразено со коронавирус преку доктор Цаца

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти за уште еден нов пациент дел од персоналот на Клиниката за кожни болести во Скопје, по направени тестови во изминатите 24 часа.

Со ова, бројот на заболени се искачи на шест лица кои се вработени во кожната клиника, заразени од невнимателната раководителка, блиска до СДСМ. Ова следува откако ексдиректорката на болницата Нина Цаца Биљановска се врати од Италија и не се изолираше согласно препораките, туку одеше на работа, на семинари и забави. Подоцна, нејзиниот тест за коронавирус беше позитивен.

-Регистрирани се 24 нови случаи на инфицирани со коронавирус. Има уште еден пациент поврзан со кожната клиника во Скопје. Вкупната бројка до 12 часот е 201 лице. Од скопската Инфективна клиника е отпуштен уште еден пациент, чии два контролни тестови се негативни. На Клиниката за инфективни болести испишан е еден пациент од Дебар, во добра општа состојба со два негативни последователни теста, рече Филипче.

Министерот информриаше дека е стабилна состојбата на пациентите од Штип.

-Добра е состојбата во Штип, малото девојче, мајката и бабата се во стабилна состојба. Во текот на идната недела според скринингот во одредени градови ќе се тестираат пошироки групи на лица кои патувале во земји во кои има ризик или биле во контакт со заболено лице. Уште пошироки групи ќе се тестираат во текот на идната недела, се спремаат мобилните екипи, кажа Филипче.